Фудбал, СП 2014 Бразил

Мурињо: Ќе недостасуваат Ибрахимовиќ и Бејл

04.04.2014 13:08

Светското Првенство 2014 нема да биде исто без некои од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал, смета менаџерот на Челзи Жозе Мурињо.

„Пред секој мундијал има по неколкумина врвни играчи коишто секој би сакал да ги види како дел од него, но од најразлични причини не учествуваат“, вели португалскиот стручњак, којшто за годинашниот шампионат ќе биде ангажиран како експерт на Yahoo.

„Златан ? Секој би сакал да го гледа во Бразил, но Шведска не се пласираше. Герет Бејл е уште еден фантастичен играч и мислам дека секој би уживал да го види на првенството, но и Велс не успеа да се квалификува. Има и уште неколкумина. Во мојот тим го имам најдобриот голман на светот, Петр Чех, но и тој нема да се појави во Бразил“, вели разочарано Мурињо.

Ибрахимовиќ и Бејл се двајца од најскапите и највредните играчи на планетата, но ќе ги нема на Мундијалот поради неуспехот на нивните репрезентации во квалификациите. Покрај нив, уште неколку влијателни играчи од самиот фудбалски крем се повредени. Дел од нив секако нема да истрчаат во Бразил, како голманот на Барселона, членот на шпанската репрезентација Виктор Валдес, додека некои се надеваат дека сепак ќе успеат навреме да заздрават и да се опорават, како колумбискиот напаѓач на Монако, Радамел Фалкао.