Што ќе гледате во среда во „Македонија наутро“?
Два милиони бегалци досега ја напуштија Украина по инвазијата на Русија меѓу нив и Горан Мирчиќ чие сведоштво го имаме во „Македонија наутро“...

14-ти ден руско- украински конфликт. Украина започна со евакуација на цивилите , во меѓувреме украинскиот претседател Зеленски, повторно го повика Путин на дијалог. Каква е можната разврска на воената криза, дали е на повидок хуманитарна криза од огромни размери и кои се евентуалните последици од украинскиот конфликт врз регионот, разговараме со проф.д-р Христина Рунчева Тасев.
Руско- украинскиот конфликт го промени животот и секојдневието не само на жителите на овие две земји кои будно го следиме и очекуваме дипломатско решение, голем број Македонци беа затекнати од новонастанатата ситуација дел од нив навреме се евакуриаа , а дел сè уште бараат опција како безбедно да пристигнат во Македонија. Два милиони бегалци досега ја напуштија Украина по инвазијата на Русија меѓу нив и Горан Мирчиќ чие сведоштво го имаме во „Македонија наутро“.
Секој втор четврток во месец март е посветен на зголемување на свеста за значењето на бубрезите за севкупното здравје. За активностите на здружението „Нефрон“ детали од Душко Ѓоргиев, а за превенцијата на болестите на бубрезите и трансплантацијата како опција за квалитетен живот на пациентите со бубрежна слабост информација од д-р Сашо Дохчев.
Најновите сервисни информации, информации од културата ги имаме од 6:45 на првиот канал на МТВ.
