Македонските надежи отвораат со Италија
Македонската младинска ракометна селекција до 20 години против Италија го отвора квалификацискиот турнир за идното Европско првенство. На патот до првото место кое единствено води на Шампионатот на Стариот континент во 7-та група во конкуренција се и Грција и Исланд.

Македонската младинска ракометна селекција до 20 години против Италија го отвора квалификацискиот турнир за идното Европско првенство. На патот до првото место кое единствено води на Шампионатот на Стариот континент во 7-та група во конкуренција се и Грција и Исланд.
Пред стартот на првата селкторска задача во кариерата нашиот предводник Зоран Петковски најави дека се освен прво место и пласман на ЕП ќе биде неуспех. Оптимизмот го темели врз позитивната ракометна клима во земјата, талентираната генерација и вербата во неговите избраници, подмладени со неколку кадети кои веќе обебзедија пласман на Евро собирот.
Оваа селекција која подолг период се подготвува за овие квалификации е микс на ракометари од нашите два најдобри клуба Металург Јуниор и Вардар кои заедно даваат 15 репрезентативци.
Не само поради домаќинството туку и досегашните резултати на ова ниво го прават фаворит нашиот јуниорски нацинален состав во првиот настап вечерва во СРЦ Кале во Скопје против тоталниот аутсајдер Италија. Италијанците немаат учество на голем настан на досегашните седум квалификациски обиди за Европските или Светските првенства.
Македонија во овој генерациски ранг зад себе има девет квалификациски турнири од кои и четири завршници, две на Европските првенства и две на Мундијалите. На ЕП 2002-Полска, за малку ни избега медал. Освоивме четврто место а Илија Темелковски ја предводеше најуспешната јуниорска генерацијата во која беа голманот Ристовски, Миркуловски, Мите Стоилов, вториот срелец на првенството Кузманоски, Локвенец, Арнаудов, Влатко и Никола Тасевски.
Ова треба да биде мотив плус за македонските надежи предводени од екс репрезентативниот голман Зоран Петковски , кој најави дека против првиот фаворит Исланд, в недела треба да го одиграме клучниот натпревар за пласман на ЕП во Австрија.
Сите натпревари ги играме од 19 часот со преноси на собранискиот канал на МРТ.
Петок, Македонија-Италија
Сабота, Македонија-Грција
Недела, Македонија-Исланд
