Брисел

Борел: ЕУ нема да забрани увоз на енергија од Русија

08.03.2022 21:54

Тој додаде дека ЕУ „постојано“ бара алтернативни извори на гас бидејќи е убедена дека има „партнер на кој не може да смета“...

Европската унија нема да забрани увоз на енергија од Русија, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Тој додаде дека ЕУ „постојано“ бара алтернативни извори на гас бидејќи е убедена дека има „партнер на кој не може да смета“.

Борел исто така рече дека членството на Украина во ЕУ е можно, но нема да се случи преку ноќ.