Свет

Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија

08.03.2022 19:59

Компанијата наведе дека ќе продолжи да ги плаќа 62.000 вработени во Русија.

Американскиот синџир ресторани за брза храна Мекдоналдс денеска соопшти дека привремено затвора 850 ресторани во Русија поради руската воена операција во Украина. Компанијата наведе дека ќе продолжи да ги плаќа 62.000 вработени во Русија.

Извршниот директор на Мекдоналдс, Крис Кемпчински во писмото до вработените наведе дека затворањето на рестораните сега е исправен чекор што треба да се направи.

Мекдоналдс исто така привремено затвори 100 ресторани во Украина, но ќе продолжи да ги плаќа вработените.