Трибина

Лукаревска: Родовата рамноправност не познава политичка припадност

08.03.2022 20:18

Заменик претседателката Лукаревска посочи дека СДСМ во изминатиот период реализирал доста мерки и политики што значат унапредување на правата на жените.

СДСМ како партија е пионер во она што значи унапредување на позицијата на жената и ставање на пиедестал на она што значи женски права,  истакна заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Еднакви, Активни, Гласни“ во организација на Форумот на жени на СДСМ.

Заменик претседателката Лукаревска посочи дека СДСМ во изминатиот период реализирал доста мерки и политики што значат унапредување на правата на жените.

„Горда сум што како партија донесовме огромен број на мерки што значат подобар животен стандард, горда сум што затоа бевме дел од многу женски стратегии и декларации со кои СДСМ направи огромен број на промени во интерес за жените. Едно е сигурно, родовата рамноправност не познава ниту политичка ниту верска ниту социјална припадност тоа мора да го решаваме сите жени заедно, чекор по чекор“, порача Лукаревска.

Лукаревска потсети дека СДСМ прв вовел принцип на ко-носители и принцип 50-50 на пратеничките листи.