Субвенции за рибарство
Донесена e програмата за субвенционирање на рибарството за 2022 година. Финансиската поддршка за оваа дејност е 90 милиони денари. Најголемиот дел од парите се предвидува да се искористат за потребите на аквакултурата и рибниците.

Со 90 милиони денари во 2022 година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците.
Исто така субвенции ќе има и за пилот проекти, развој на нови пазари и за промотивни кампањи.
За порибување на Охридско Езеро со подмладок од охридска пастрмка се предвидени 3 милиони, а за порибување на Дојранското и Преспанското езеро со крап 750 илјади денари.
Субвенции од 1 милион денари ќе има и за мандрите на Дојранското езеро.
За аквакултурата е предвидена финансиска поддршка од 37,8 милиони денари за 50 проценти од вложувањата, и за порибителен материјал во висина 40 отсто од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок.
Исплатата на парите ќе се врши по принципот на кофинансирање по реализацијата на активностите.
Вкупната вредност на исплатени финансиски средства за инвестиции во аквакултурата не може да го надмине износот од 3.500.000 денари.
Субвенцијата може да се зголеми од 55 до 65 отсто доколку се работи за млад земјоделец, доколку носител на стопанството е жена или тоа се наоѓа во некое од неразвиените ридско планински подрачја.
Методија Трајков
