Кошарка – НБА

Тексашка НБА радост!

04.04.2014 13:17

Само два, но квалитетни и важни натапревара во ноќешната НБА програма. Во дербито на „Западот“ коешто беше и пресметка на двете екипи со најдобар ефект во лигата, Оклахома го совлада Сан Антонио со 106:94 и ја сопре неговата клупска рекордна низа од 19 победи. Кевин Дурент повторно беше играч број еден со 28 поени, 7 скока и 3 асситенции. Со серијата од 39 натпревари со 25 или повеќе, Дурент е на само меч до израмнување на најдоброто постигнување во историјата и тоа на легендарниот Мајкл Џордан од сезоната 1986/87.

Само два, но квалитетни и важни натапревара во ноќешната НБА програма. Во дербито на „Западот“ коешто беше и пресметка на двете екипи со најдобар ефект во лигата, Оклахома го совлада Сан Антонио со 106:94 и ја сопре неговата клупска рекордна низа од 19 победи. Кевин Дурент повторно беше играч број еден со 28 поени, 7 скока и 3 асситенции. Со серијата од 39 натпревари со 25 или повеќе, Дурент е на само меч до израмнување на најдоброто постигнување во историјата и тоа на легендарниот Мајкл Џордан од сезоната 1986/87. „Тандерс“ сезонава се недопирливи за „Спарс“ затоа што славеа во сите меѓусебни дуели. Значителен придонес во четвртиот триумф имаше и Расел Вестбрук со 27 поени. Кај екипата од Тексас најкорисен беше кошаркарот од клупата Пети Милс со 21 кош. Сан Антонио и натаму е НБА лидер со 59 победи и само 17 порази, Оклахома е до него со биланс 55-19.

Важен триумф во трката за плеј - офот оствари Далас на гостуивањето во Лос Анџелес кај Клиперс со 113:107. Вообичаено, Дирк Новицки со 26 поени и со 11 скока ги предводеше гостите до 45 триумф сезонава. „Маверикс“ сега се седми во западната конференција со 45 победи или една повеќе и ист број порази, 31 како и главните конкуренти за доигрувањето, Мемфис и Феникс. За Клиперс, ова беше само трет загубен во последните дваесет меча. Блејк Грифин остана покус за еден скок во обидот да го реализира првиот „трипл - дабл сезонава бидејќи собра 9 топки, постигна 25 коша и подели 11 асистенции. Со 54 триумфи и 23 порази, Клиперс се трета екипа во лигата зад Сан Антонио и Оклахома, а пред водечкиот тандем на „Истокот“ Мајами и Индијана.