На „Тримир“ кај мајките
Денеска е празникот Тримир. На третиот ден по велики поклади, прочка. Го сметаат за женски празник зашто мајките ги канат ќерките и младите невести на посна трпеза. Да им ги пренесат благословите и поуките за хармонично и почитувано семејство.

Ќерките, невестите, девојките, денеска кај мајките нагости, на Тримир. На посна трпеза и на поука за благослов и почитување во семејството. По строгиот пост двата дена по Прочка, денеска на Тримир сите ги чека посната трпеза. Прилепчанки од здружението „Преродба“ велат – ги одржуваме традициите како наш идентитет.
Посната трпеза на Тримир не може без благата пченица. Приготвувањето си има свој рецепт, но и значење.
На Тримир мајките ги упатија благословите и советите како да се води семејството. Најбитни се почитувањето и хармонијата.
Елизабета Митреска
