Велес

Општинскиот буџет на Велес не ги задоволува потребите за развој на градот

09.03.2022 12:15

Споредено со соседните помали по број на жители општини, буџетот на Велес е поскромен и со тие средства не се можни сериозни инвестиции во инфраструктура и во комунални потреби.

Општина Велес нема развојна компонента, се пожали градоначалникот Марко Колев. Тој објасни дека општинскиот Буџет се полнел со малку пари а потребни биле далеку повеќе да се задоволат потребите на 55 илјади жители во општината, за инвестиции за водовод, за канализација, за изградба на патишта.

Најавува дека ќе ги прифатиме сите предлози за поставување на фотоволтаици, во велешко, што бил светски тренд, за да се полни Буџетот. Локалната власт нема градежна парцела за заинтересиран инвеститор, кој сака да гради во општина да дојде и инвестира, оти ниту една не е со целосна инфраструктура.

Сериозен удар по општинскиот Буџет, биле сметките за електрична енергија на улично осветлување. Откако набавувачот го раскинал договорот, општинската сметка за осветлување била повисока за 18 милиони денари, поради што некои улици во градот не ќе може да се уредат.

Петар Печков