Македонија

Запалено возило на поранешниот градоначалник на Скопје, Шилегов

09.03.2022 12:56

Изутрината изгоре возилото марка „ауди“ со скопски регистарски ознаки на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов..

Изутрината изгоре возилото марка „ауди“ со скопски регистарски ознаки на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.

Покрај неговото патничко возило биле опожарени уште три. Причините сè уште не се познати. Се врши увид и се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

Аудито било регистрирано на правно лице. Во 03 часот и 20 минути е пријавено дека на улицата „Петре Пирузе“ во Скопје настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“. Од пожарот зафатени биле и патнички моторни возила „пасат“, „матиз“ и „нисан“ со скопски регистарски ознаки, соопштија од МВР.