Трипл-дабл за Јокиќ, двоен ефект за Дончиќ

08.03.2022 20:37

На Денвер му олесна поради фактот што Голден стејт беше ослабен, без Стеф Кари, Клеј Томпсон, Ендру Вигинс, Андре Игоудала и без Гери Пејтон Јуниор. Со скратени сили не можеа да избегнат четврти пораз во низа, со кој го загубија второто место на Западот од Мемфис...

Никола Јокиќ стави свој печат на победата на Денвер против Голден стејт вориорс со 131-124. Србиниот запиша 32 поена, 15 скока и 13 асистенции, што е негов 18. трипл-дабл оваа сезона и 75. во кариерата. Се доближи на само три до Вилт Чембрлен, кој го држи шестото место на вечната листа, но прво меѓу високите играчи. На Денвер му олесна поради фактот што Голден стејт беше ослабен, без Стеф Кари, Клеј Томпсон, Ендру Вигинс, Андре Игоудала и без Гери Пејтон Јуниор. Со скратени сили не можеа да избегнат четврти пораз во низа, со кој го загубија второто место на Западот од Мемфис.

Во друго западно дерби Далас ја совлада Јута со 111-103, носен од уште една одлична партија на Лука Дончиќ. Словенечкиот кошаркар постигна 35 поена, 16 скока и седум додавања за кош, за петта победа едноподруго за Маверикс. Петти успех во низа запиша и Минесота и тоа со 43 разлика против Портланд, 124-81, додека Лејкерс, без Леброн Џејмс во составот загубија четврти пат во низа, овој пат со 117-110, на гости кај Сан Антонио.

На истокот, Мајами продолжи да се зацврстува на врвот со триумф над Хјустон со 123-106, Чикаго беше поразен во Филаделфија, а Детроит ја доби Атланта дури по едно продолжение. Единствената екипа која славеше како гостин беше Њујорк, на теренот на Сакраменто.