Лабораторијата за ин витро фертилизација на Ремедика со највисоки стандарди на Балканот

04.04.2014 13:28

Лабораторијата за ин витро фертилизација при Одделот за гинекологија и акушерство на приватната болница Ремедика се стекна со сертификат за квалитет и компетентност во согласност со највисоките стандарди(ИСО 15189-2013) признати во светот, со што стана прва лабораторија на Балканот и меѓу ретките во Европа. Своето деветгодишно постоење го заокружува и со акредитација на дијагностичко-биохемиската лабораторија на болницата. Со тоа се обезбедува точна, прецизна дијагноза и соодветен третман на пациентите.

 Здравствената станица Железара доби реновирани и проширени простории за работа како резултат на приватно јавно партнерство на Ремедика и Министерството за здравство, а болницата за сметка на тоа доби проширување на сопствените капацитети. Се прошируваи оперативниот блок  и дневната болница. Во текот на 9 годишното работење  во Ремедика здравствени услуги користеле 135 илјади пациенти. Се уште нема склучено договор со Фондот за здравствено осигурување, ниту за услугите што ги нема во јавното здравство, иако болницата го бара тоа.  

Соња Стојановска