Пробно тестирање на четвртоодделенци за ТИМСС во ООУ„ 26 Јули“
Со пилот-проектот на ТИМСС ќе бидат опфатени 30 училишта во земјава, а ќе бидат тестирани повеќе од илјада и 110 ученици.

Четвртоодделенци од скопското училиште ООУ„26 Јули“ беа првите пробно тестирани за ТИМСС. За да го решат тестот по математика и природни науки им беа потребни 3 часа. Полагаа по електронски пат. Раководствата на училиштата тврдат дека ги направиле потребните подготовки.
Со пилот-тестирањето годинава ќе бидат опфатени 30 училишта и 1.197 основци. 837 од нив ќе полагаат на македонски наставен јазик, 360 на албански. Од Државниот испитен центар велат дека тестирањето се одвива во најдобар ред. Резултатите ќе се искористат за да се направи анализа на знаењата.
Меѓународното тестирање ТИМСС првпат се спроведе во 2019 година. Тогаш македонските ученици покажаа слаб успех. Од вкупно 58 земји, Македонија беше рангирана на 45 место по математичка писменост и на 51 по природни науки.
Викторија Милевска
