Битола

Поради енергетската криза, огревното дрво најактуелно

09.03.2022 14:12

И покрај многуте субвенционирани инвертери минатата година од страна на локалната самоуправа во битолското Здружение на пензионери за два дена заврши уписот за набавка на огревно дрво. Во односот на минатата година побарувачката на огревно дрво е зголемена за близу 50-десет посто. Првите луѓе на здружението велат имаме цврсти договори со превозниците и шумските претпријатија. Граѓаните велат вака е поевтино.

Под моќта на енергетската и економска криза попушта грејната удобност. И покрај многуте минатогодишни субвенционирани инвертери за еколошки почиста средина се поплитките џебови ги враќаат старите навики. Во битолското Здружение на пензионери според потпишаните договори нарачката на огревно дрво зголемена за близу 50-десет насто.

Од здружението велат дека одамна не паметат уписот да трае пократко а интересот сè уште да е голем.

Граѓаните не одрекуваат дека загадувањето на воздухот вака е поголемо но велат дека состојбите се такви. Со 3.100 денари за даб и 3.000 денари за просторен метар бука и плаќање на рати домашниот есап е поинаков.

Од пензионерското здружение жалат што не можат да склучуваат уште договори. Веќе договореното велат мора да биде и навремено доставено. Напоменуваат дека според новиот закон договорите се склучени со превозниците а како гарант дека огревното дрво ќе биде обезбедено се шумските подружници.

Стевче Митревски