ВМРО-ДПМНЕ бара намалување на акцизите на горивата за 50%
Опозициската ВМРО – ДПМНЕ со предлог закони бара власта веднаш да реагира...

Намалување на акцизите на горивата за 50% и намалување на ДДВ-то на сите производи за исхрана од 5% на 0%. Опозициската ВМРО – ДПМНЕ со предлог закони бара власта веднаш да реагира. Кога во земјава имаме четири кризни состојби, дополнителна инфлациска криза во најава и зголемување на цените на речиси на сите услуги и производи, одбивањето на нашите предлози претставува класичен грабеж и дрско игнорирање на барањата на граѓаните и стопанството рече координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ Никола Мицевски.
Очајни се изговорите на власта дека за овие ценовни шокови се виновни покачувањата на цената на нафтата на светската берза или пак војната во Украина. Напротив, сите знаеме дека не е проблем ниту цената на нафтата на светската берза, не е проблем ниту пак војната во Украина. Едноставно, на сите ни е јасно дека единствениот проблем е неспособноста и ненавременото и задоцнето носење на мерки од страна на оваа влада предводена од СДСМ и Ковачевски.
И додека опозицијата бара акцизата за горивата и исхраната да се намалат, власта е без коментар за предлог законите. Уверуваат дека подготвуваат мерки за намалување на ценовниот шок.
Миле Ристески
