Ковид-19

Нови 292 позитивни на Ковид-19, починати се 7 лица

09.03.2022 14:51

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300 илјади 398..

Во последните 24 часа се регистрирани нови 292 случаи на Ковид-19 од направени 2.410 тестови. Има 45 реинфекции. Починале две лица во болнички услови.

Дополнително преку мој термин се пријавени уште 5 починати лица во периодот од 24-ти февруари до 7-ми март. Сите починати лица имале коморбидитети.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300 илјади 398, бројот на оздравени пациенти е 289 илјади 64, починаа 9 илјади 104 лица. Во моментов има 2 илјади 230 активни случаи.