Штип

Стандардот на удар на скапите енергенти

09.03.2022 15:26

Неизвесно е до кога ќе трае растот на цените на горивата, затоа владата треба да има долгорочна стратегија за заштита на социјално најранливите слоеви – велат економистите. Граѓаните освен мерки за заштита на стандардот очекуваат и санкции за правните лица кои кризата ја користат за екстра профит.

Стандардот на граѓаните е на удар на растот на цените на енергентите. Владата треба да носи мерки на подолг рок за да го ублажи ценовниот шок, бидејќи оваа состојба ќе трае, сметаат економистите

Пензионерите најсилно го чувствуваат растот на цените, голем дел од нив е сè со пензија далеку пониска од минималната плата

Цената на горивата влијае врз цената на сите производи и услуги, граѓаните очекуваат владата освен со мерки за заштита на стандардот, да излезе и со санкции за трговците и производителите кои ја користат оваа состојба за екстра профит.

Славица Величковска