Македонија

Владата со пакет мерки ќе ги ублажува последиците од кризата

09.03.2022 15:31

Мерките значат намалување на ДДВ и маржите за основните производи и енергенсите, како и ваучери за сиромашните. Треба најбрзо да влезат како измени на законот во Собранието, и штом се усвојат веднаш ќе важат...

Се наоѓаме во најголемата економска повоена криза, но заедно ќе ја надминеме, изјави премиерот Ковачевски објаснувајќи ги пакетот мерки од 400 милиони евра за заштита на стандардот на граѓаните и компаниите, што беа донесени на владина седница.

Мерките значат намалување на ДДВ и маржите за основните производи и енергенсите, како и ваучери за сиромашните. Треба најбрзо да влезат како измени на законот во Собранието, и штом се усвојат веднаш ќе важат.

Од Владата смируваат дека има доволно нафта и прехранбени производи и нема потреба за активирање на државните резерви. Претседателот на Владата, сепак повика на штедење на енергијата и рационално користење на финансиите во државните институции. 

Денарот е стабилен и финансискиот систем е стабилен, заклучил комитетот за финансиска стабилност на Народната банка. Денеска се очекува нова цена на нафтата и дериватите, што дополнително ќе влијае на стандардот.