Џим Скарп: КСС во Кичево ќе инвестира меѓу 15 и 20 милиони долари
04.04.2014 13:18
Компанијата во Кичево само на почетокот планира да вработи 1.000 луѓе...

Инвестицијата на американската автомобилска компанија КСС во Кичево ќе се движи помеѓу 15 и 20 милиони долари. Истата во иднина може да се прошири, нагласи во интервју за МРТ, Џим Скарп, заменик претседател во КСС.
Компанијата во Кичево планира да вработи 1.000 луѓе.
„Нашата првична инвестиција, вклучувајќи ги и трошоците за изградба на фабриката, ќе се движи меѓу 15 и 20 милиони американски долари. Таа би можела да се прошири во иднина, ако имаме успех и позитивно искуство во првата фаза од нашите планови. Потоа би можело да има уште инвестиции“, вели Скарп во интервју за МРТ.
КСС ширум светот вработува повеќе од 9.000 луѓе. Компанијата е водечки глобален снабдувач со опрема за возила. Произведува безбедносни уреди, воздушни перничиња, управувачи, безбедносни ремени и други делови за автомобилската индустрија.
Целото интервју со заменик- претседателот на КСС гледајте го во вестите во 15 часот на МРТ1.
