Ирвинг со 50 поени во победата над Шарлот
Лидерот Феникс по поразот од Милвоки славеше на гостувањето кај Орландо со 102-92 за 52 сезонска победа со 13 порази.

Експресно враќање на водечкiте екипи во западната конференција на победничките патеки.
Лидерот Феникс по поразот од Милвоки славеше на гостувањето кај Орландо со 102-92 за 52 сезонска победа со 13 порази. Второпласираниот Мемфис по изненадувачкиот пораз од фенерџијата Хјустон беше убедлив против Њу Орлеанс со 132-111 за потврда на второто место во конференцијата со 45 победи и 22 пораза пред Голден Стејт кој има победа помалку откако по серијата од 5 порази конечно славеше над Лос Анџелес Клиперс со 112-97.
Од друга страна серијата победи до 5 ја продолжи второпласираната екипа на истокот Милвоки по триумфот над Оклахома на гости со 142-115, а ефикасната вечер со по над 200 поени по натпревар со гостински победи ја надополнија и екипите на Кливленд кој славеше кај Индијана со 127-124 и Бруклин со победата кај Шарлот со 132-121 во натпревар во кој блескаше Ирвинг со 50 поени.
