На победа за крај на групната фаза
Црвено црните најавуваат игра на победа против Елверум што многу ќе значи за самодовербата на ракометарите во турболнтната сезона и пред осминафиналниот двомеч со Веспрем

Со 5 победи од кои последната службена против Мешков Брест,7 порази и еден нерешен резултат на отворањето на групната фаза токму на гостувањето во Норвешка, ракометарите на Вардар по обезбденото 5-то место во групата и настапот во осминафиналето без резултатски притисок го пречекуваат норвешкиот шампион.
Натпревар многу позначаен за Елверум кој е на 6-тата позиција, последна што води во осминафиналето, но за да остане на неа потребен му е поволен резултат против Вардар што сепак може да биде и пораз под претпоставка екипата на Загреб која исто така има 8 бода да не ремизира или да слави на гостувањето кај лидерот во групата Алборг.
Сепак без оглед на актуелната состојба на табелата и покрај обезбедениот настап во нок-аут фазата, црвено црните најавуваат игра на победа против Елверум што многу ќе значи за самодовербата на ракометарите во турболнтната сезона и пред осминафиналниот двомеч со Веспрем од кој првиот натпревар ќе биде одигран во Скопје на 30-ти или 31 март.
Дуелот Вардар – Елверум е закажан за 20 часот и 45 минути во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје.
