Што ќе гледате во четврток во „Македонија наутро“?

09.03.2022 16:16

Иницијативата „Донирај компјутер“ стигна до крајот на уште една сезона и бројка од 1.500 донирани компјутери. Како тече Кампањата за набавка на возило за потребите на „Донирај Компјутер“, на оваа тема преку Скајп го вклучуваме Борче Стаменов...

Ракот на грлото на матката е четврт најчест тип на канцер, кој се појавува кај жените, во светски рамки. Во Македонија, во просек заболуваат околу 150 жени годишно. Министерството за здравство, почнува скрининг за рано откривање на оваа болест.

Доделени се клучевите на 11 социјални станови во Струмица. По долги години живеење под кирија, во субстандардни животни услови, овие граѓани добија сопствен дом.

Заштита на правата на граѓаните, има ли акредитирано тело за контрола на потрошувачката на електричната енергија? Гостин, Ѓорѓи Манасков – претседател на СКЕ.

Конечно се решава проблемот со бездомните кучиња. Линковско вклучување и разговор со Војислав Димитровски – директро на ЈП Лајка.                  

Иницијативата  „Донирај компјутер“ стигна до крајот на уште една сезона и бројка од  1.500 донирани компјутери. Како тече Кампањата за набавка на возило за потребите на „Донирај Компјутер“, на оваа тема преку Скајп го вклучуваме Борче Стаменов.

Линковско вклучување од Битола за можностите и новитети на студентскиот дом „Кочо Рацин“. Ружица Ѓоршеска разговара со Соња Карапец, директор на Студентски дом „Кочо Рацин“.