Македонија

МНР: Учеството во било која странска војска е кривично дело

09.03.2022 16:35

Земјава во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно се демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ...

Министерството за надворешни работи ги потсетува граѓаните дека учеството во било која странска војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело.

Имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба, и/ или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили, велат од МНР.

Потсетуваат дека земјава во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно се демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форуми.