Австралија: Вонредна состојба поради поплавите
Поплавите го достигнаа врвот на водостојот во Бризбејн, главниот град на Квинсленд и третиот најнаселен град во земјата, на 28-ми февруари, откако градот со 2,6 милиони жители беше поплавен од 80 насто од вообичаените годишни врнежи.

Австралија прогласи национална вонредна состојба, по катастрофалните поплави долж источниот брег. Одредени се зони во градовите поплавени од надојдените реки. Евакуирани се илјадници жители. Медиумите пишуваат дека има се повеќе критики поради бавното реагирање на австралиските власти на поплавите.
„Дождот продолжува низ големи делови од градското подрачје на Сиднеј, во Хантер и на југ во Илавара. Забележавме 50 до 100 милиметри на метар квадратен во северните предградија на Сиднеј“, изјави Дин Нарамор, Австралиско биро за метеорологија.
Поплавите го достигнаа врвот на водостојот во Бризбејн, главниот град на Квинсленд и третиот најнаселен град во земјата, на 28-ми февруари, откако градот со 2,6 милиони жители беше поплавен од 80 насто од вообичаените годишни врнежи.
Делови од градот со пет милиони жители беа поплавени речиси 75 насто од просечните годишни врнежи од 1-ви јануари.
„Никој не очекуваше дека ќе дојде до тие нивоа. Австралија станува се потешка земја за живеење поради овие природни катастрофи“, нагласи австралискиот премиер Скот Морисон.
Пред три години во Австралија беше исто така објавена вонредна состојба поради огнената стихија.
Марина Ристова
