Додека типкаме, не дишеме

20.11.2013 10:42

Луѓето кои често типкаат на тастатура

Луѓето кои често типкаат на тастатура, стануваат толку преокупирани со зборовите, што престануваат да дишат, ова се резултати на најновото истражување што го објави британскиот весник „Dejli mejl“.
Таа преокупираност доведува до проширување на зениците, немирни нозе, прекумерно потење, вртоглавица, и забрзано чукање на срцето.
Ако лицето куца премногу долго, за кратко време ќе почне да чувствува хроничен замор, суво грло, слабо памтење, пад на конценрацијата, главоболка, раздразливост, депресија. Некои дури веруваат дека луѓето стануваат гојазни и склони кон дијабетес поради комбинацијата на задржување воздух и неактивност преку цел ден, наведува весникот и додава дека решението е правилно дишење во тек на тикањето.
Оваа состојба е забележана кај 80% од луѓето кои се секојдневно работат на компјутер.