Иванов во Кичево: Не сме мали за големи успеси!

04.04.2014 13:52

Американската компанија од автомобилската индустрија „Кеј сејфти систем“ го најави влезот во ТИРЗ Кичево и изградба на фабрика која до крајот на годината треба да вработи 1.000 лица. По тоа се мери денес политиката, не се мери по убави зборови и по празни ветувања, туку по отворање нови работни места, им рече на кичевчани кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, Ѓорге Иванов. Македонија напредува на секое поле, секаде во Македонија се гради, тоа не дојде само од себе.

Американската компанија од автомобилската индустрија „Кеј сејфти систем“ го најави влезот во ТИРЗ Кичево и изградба на фабрика која до крајот на годината треба да вработи 1.000 лица. По тоа се мери денес политиката, не се мери по убави зборови и по празни ветувања, туку по отворање нови работни места, им рече на кичевчани кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, Ѓорге Иванов. Македонија напредува на секое поле, секаде во Македонија се гради, тоа не дојде само од себе. Требаше да се донесат многу закони, да се спроведат многу реформи, да се создаде амбиент за да расте економијата.. Кичево се поврзува со изградба стратешки важна инфраструктура, рече Иванов.

Кога расте економијата во државата, расте се. Расте производството, извозот, пензиите, платите, социјалната помош, стипендиите.. Кај нас опаѓа само едно, а тоа е невработеноста, рече Иванов. Од 2006 година кога дојде оваа млада гарнитура, предводена од Груевски, се отворени 120.000 работни места во Македонија. Тоа е резултат на тимска работа. Кога за исти цели се борат и претседателот и премиерот и министрите и градоначалниците. Технолошко-индустриските развојни зони се покажаа како успешна политика на владата. До крајот на годината се очекуваат 14 илјади вработени во тие зони, рече Иванов.

Пред кичевчани се обрати и вицепремиерот Пешевски. Тој рече дека сега дел од раководството на ДУИ сака да создаде политичка криза за може во иднина неколку луѓе од таа партија да даваат амин за тоа кој ќе биде кандидат за претседател на Македонија.

Сакаат да создадат криза за да во иднина тие имаат повеќе моќ, не народот. Се ставаат над сите граѓани, ги потценуваат сите гласачи. Цело време создаваат амбиент дека наводно ВМРО-ДПМНЕ не се грижела за другите националности во Македонија. Тоа не е вистина, Македонија напредува на секое поле, а тие економски бенефити се за сите кои живеат во Македонија, без разлика на припадноста, се вработуваат и албанци и македонски и турци, земаат субвенции сите, платите им се покачени на сите, кажа Пешевски.  Затоа и албанците не треба да го прифатат бојкотот на ДУИ, со бојкот ќе се созададе криза која ќе влијае на сите. Затоа треба масовно да се излезе на овие избори и гласот да му се даде на Иванов, рече Пешевски..

Најголемиот надворешен предизвик со кој се соочуваме како држава е блокадата од нашиот јужен сосед, кој од нас бара да се откажеме од сопствениот идентитет. Бара да престанеме да бидеме она што отсекогаш сме биле. Но, не потклекнавме и не потклекнуваме. Не дозволивме блокадите да нè поколебаат на нашиот европски пат. Ја градиме Европа во Македонија и ја интегрираме Македонија во европската унија, рече Иванов. Нема да прифатам извештај за нас, без нас. Знаеме што ни оставиле во завет нашите предци и што треба да сочуваме за нашите потомци, рече Иванов..

Јас сум истиот од пред 5 години, функцијата не ме промени, затоа со чист образ сега стојам пред вас, со нова програма, за нова доверба.  Како претседател го бранев и ќе го бранам државното единство, претседател сум на сите граѓани, независно од етничката, верската или која било друга припадност,  рече Иванов.. тој претходно имаше митинг и средби со граѓаните во Поречието и Македонски брод.