Стабилна безбедносна состојба, но со хибридни закани
Безбедносната состојба стабилна, но со хибридни закани, со дезинформации и со влијание, најчесто врз младата популација- оценка на директорот на националната безбедност Димовски. Постојат и радикални групи, службите соодветно дејствуваат. Мора да се интензивираат мировните преговори меѓу Москва и Киев...

Безбедносната состојба во земјава е стабилна, сo зголемено ниво на чувствителност, оценка на директорот на Aгенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски. Посочи дека доминираат хибридните закани изразени преку пропаганди, дезинформации и лажни вести, особено врз младата популација.
Според Димовски, изложени сме на континуиран разузнавачки интерес диктиран од националните интереси на оние земји кои се надвор од асоцијациите во кои членуваме или сме аспиранти. Егзистираат верско радикализирани лица, организации и здруженија со екстремна реторика, неформално радикални групи, кои се фактор на ризик по националната безбедност.
И покрај проблемите со кој се соочуваме, покажуваме капацитет на реализации, вели првиот човек на Агенцијата, нагласувајќи ги откривањата на терористичките групи кои планирале напади.
По случувањата во Украина на повидок енергетска, економско- социјална криза, инфлација. Мора актерите да ја прекинат војната и да се интензивираат преговорите, смета професорот Гоцевски.
Не треба да се раслојува македонслкото национално ткиво, да ги поддржиме напорите за мирно решавање на руско- украинската криза, зајанкување на стратешкото партнерство на Македонија со Британија, Франција и Германија, порача професорот Марјан Ѓуровски. Нагласи дека од суштинска важност за безбедноста во државата е зајакнувањето на капацитетите. Професорот Бакрески нагласи од важност на концептот на безбедносниот систем.
Пред дебатата за актуелните безбедносни предизвици промовиран универзитетски учебник од професорот Ѓуровски.
Наташа Гркова- Петрушевска
