Ковид-19

Се откажува задолжителната вакцинација во Австрија

09.03.2022 17:51

Владата уште еднаш ќе ја анализира политиката на вакцинација за три месеци, изјави Јохан Раух, кој оваа недела беше именуван за министер за здравство.

Австриската влада реши да се откаже од Законот за задолжителна вакцинација само еден месец откако контроверзниот закон стапи на сила.

Австрија е една од ретките земји кои воведоа задолжителна вакцинација. Владата уште еднаш ќе ја анализира политиката на вакцинација за три месеци, изјави Јохан Раух, кој оваа недела беше именуван за министер за здравство.

Според властите, мерката може повторно да биде воведена ако е потребно.