Прва македонска фудбалска лига, 22 коло

Конечно триумф на Работнички во Скопје против Шкендија

09.03.2022 18:58

Во првиот дел, Работнички поведе со прекрасниот гол на Станковски, а по само 180 секунди изедначи Шаља...

Работнички  ја победи Шкендија во Скопје во првенствен натпревар по речиси пет години.Во април 2017-та беше 1:0, денеска 2:1 за дебармаалци кои прв пат слават и дома по шест месеци и по шест неуспешни обиди со четири порази. Шкендија го доживеа само вториот пораз на 11-то гостување, вкупно трет по двата од Ренова. Во првиот дел, Работнички поведе со прекрасниот гол на Станковски, а по само 180 секунди изедначи Шаља. Решавачкиот гол за три бода го постигна Рушевиќ во 59-та минута од натпреварот во кој до крајот гостите пропуштија три одлични шанси преку резервистите, Маркоски и Назифи и преку Шаља за да избегнат пораз по серијата од шест триумфи и две нерешени средби..

Во другите натпревари од 22.коло:

Ренова – Шкупи 0:0

Академија Пандев – Борец 5:0

Струга – Македонија ЃП – 1:3

Брегалница – Пелистер 2:1.