Свет
Блинкен: Хуманитарни коридори кон Русија се апсурдни
09.03.2022 18:31
На брифинг во Вашингтон Блинкен рече дека Западот е обединет во повикувањето на Владимир Путин да им дозволи на украинските цивили веднаш да ги напуштат местата на нападите.

„Западот е обединет и во санкциите и во зголемувањето на помошта за Украина“, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
На брифинг во Вашингтон Блинкен рече дека Западот е обединет во повикувањето на Владимир Путин да им дозволи на украинските цивили веднаш да ги напуштат местата на нападите.
Хуманитарните коридори кон Русија и Белорусија се апсурдни, рече тој.
Блинкен наведе примерот на Суми покажува оти се можни хуманитарни евакуации, но оти тоа треба да биде многу пошироко од еден град.
