Украина
Во воздушен напад погодена детска болница во Мариупол
09.03.2022 19:34
На „Твитер“ претседателот Зеленски напишал дека луѓе и деца се под урнатините. Според истиот извор се утврдува бројот на загинатите и повредените.

„Асошиетед прес“ информира дека продолжиле нападите на руската војска врз Мариупол, кои според агенцијата погодиле и породилиште. Оваа вест ја потврдуваат и украинските власти.
На „Твитер“ претседателот Зеленски напишал дека луѓе и деца се под урнатините. Според истиот извор се утврдува бројот на загинатите и повредените.
Медиумите пренесуваат дека во бомбардирањето на детската болница, во која спаѓа и породилиштето, се ранети 17 лица, а меѓу ранетите има и една жена која се породила.
