СЗО: Пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена

09.03.2022 19:38

Гебрејесус кажа и дека коронавирусот продолжува да се шири и дека се уште има пречки во дистрибуцијата на вакцини, тестови и третмани.

Пандемијата на коронавирусот е далеку од завршена, предупреди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Во петок ќе бидат точно две години откако кажавме дека ширењето на коронавирусот може да биде означено како пандемија, рече Гебрејесус на онлајн прес-конференцијата во Женева, додавајќи дека две години подоцна од вирусот умреле над шест милиони лица.

Гебрејесус кажа и дека коронавирусот продолжува да се шири и дека се уште има пречки во дистрибуцијата на вакцини, тестови и третмани.

Според него, тестовите што можат да откријат нови варијанти на коронавирусот се извор на загриженост, бидејќи многу земји драстично ја намалиле употребата на овие тестови.