Состанок на работната група за европска соработка – зелена транзиција, дигитална трансформација и владеење на правото во Софија
Работната група во изминатиот период имаше координативни состаноци на кои се разгледуваа можностите за интензивирање и зајакнување на практичната соработка во сфери кои се важни за граѓаните на двете држави...

Владината делегација, составена од вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерoт за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерoт за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и генералниот директор на Пошти, Јани Макрадули, утре патува за Софија каде треба да одржи состанок со своите бугарски колеги, информираат од Секретаријатот за европски прашања.
Работната група во изминатиот период имаше координативни состаноци на кои се разгледуваа можностите за интензивирање и зајакнување на практичната соработка во сфери кои се важни за граѓаните на двете држави и за темпото на реализација на европските реформи, како и за размена на искуства и добри практики значајни за евроинтеграцискиот процес.
За време на средбата ќе биде потпишан Mеморандум за разбирање за поштенска соработка меѓу Бугарски пошти ЕАД и АД „Пошта на Северна Македонија и двогодишна програма за спроведување на Договорот меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Министерството за животна средина и води на Република Бугарија за соработка во областа на животна средина и заштита на водите, потпишан во 2019 година.
