Вардар покажа моќ над Елверум
Несигурната игра на домашните продолжи и на стартот на второто полувреме па норвежаните се изборија за пресврт и поведоа со 21:18,но тогаш двојниот европски шампион ја демонтрираше својата моќ,како во нападот така и во одбраната за конечен триумф со 39:30.

Ракометарите на Вардар со убедлива победа над Елверум со 39:30 ја заокружија групната фаза од елитната лига на европските ракометни шампиони.Вардарци одиграа сигурно прво полувреме со константна предност ,но со неколку брзоплети напади без реализација му дозволија на противникот да се врати и на полувреме да замине само со гол негатива 16:17.
Несигурната игра на домашните продолжи и на стартот на второто полувреме па норвежаните се изборија за пресврт и поведоа со 21:18,но тогаш двојниот европски шампион ја демонтрираше својата моќ,како во нападот така и во одбраната за конечен триумф со 39:30.
Натпреварот немаше поголемо резултатско значење за вардарци имајќи предвид дека го имаа обезбедено петтото место и настапот во осминафиналето,но и тоа како беше значаен за самодовербата пред нок-аут мечевите со Веспрем закажани за крајот на март и почетокот на април.
Тимур Дибиров со 7 гола беше најефикасен,Оливие Њокас запиша еден помалку,а одличен во организацијата на нападите беше младиот Стефан Додиќ.
