Заштита на црква од 16-ти век

04.04.2014 14:17

Продолжува санацијата, реставрацијата и конзервацијата на архитектурата на манастирската црква, Св.Никола во село Чагор, Битолско. Заштитата на овој значаен споменик на културата од 16 и 17-ти век, во иднина ќе овозможи интервенции и на фрескоживописот кој потекнува од 30-тите години на 17-ти век. Проектот за санација и конзервација на архитектурата на црквата Св. Никола, ќе биде завршен  до крајот на годинава.

Продолжува санацијата, реставрацијата и конзервацијата на архитектурата на манастирската црква, Св.Никола во село Чагор, Битолско. Заштитата на овој значаен споменик на културата од 16 и 17-ти век, во иднина ќе овозможи интервенции и на фрескоживописот кој потекнува од 30-тите години на 17-ти век. Проектот за санација и конзервација на архитектурата на црквата Св. Никола, ќе биде завршен  до крајот на годинава. Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј-Битола, извршија конструктивно консолидирање на ѕидовите и нивна делумна реконструкција, дренажа, како и реконструкција на покривот и сводот на црквата. Годинава согласно проектот, поддржан од Министерството за култура, продолжија активностите за реконструкцијата на покривот  и малтерисување на ѕидовите на тремот на црквата.