Македонија

Денеска избор на јавни обвинители

10.03.2022 09:56

Советот на јавни обвинители треба да избере петмина јавни обвинители во одделот за организиран криминал и корупција што го води Вилма Русковска...

Советот на јавни обвинители треба да избере петмина јавни обвинители во одделот за организиран криминал и корупција што го води Вилма Русковска.

Огласот беше распишан уште во ноември. Се пријавиле десет кандидати од кои петмина се истите обвинители на кои им истече мандатот.

Шефицата за гонење организиран криминал Вилма Русковска неколку пати се пожали дека Советот го оставил скопското обвинителство со пет обвинители. Претседателот Јолевски пак вели дека вината не е кај Советот и оти го чекале оценувањето.