Мали очекувања од средбата Кулеба – Лавров
Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба пристигна во Турција на разговори со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, руската инвазија влегува во трета недела. Продолжуваат бомбардирањата на цивилните цели и жестоките борби. Украинскиот министер за надворешни работи Кулеба ќе се сретне со својот руски колега Лавров во Анталија.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба пристигна во Турција на разговори со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, руската инвазија влегува во трета недела. Продолжуваат бомбардирањата на цивилните цели и жестоките борби. Украинскиот министер за надворешни работи Кулеба ќе се сретне со својот руски колега Лавров во Анталија. Признава дека очекувањата се ограничени. Турскиот претседател Ердоган, пак, се надева дека „ќе се отворат врати за трајно примирје“.
Средбата следува ден по рускиот воздушен напад на детска болница и породилиште во Мариупол, во кој биле повредени 17 лица. Нападот беше осуден од целиот свет. Украина ја обвини Русија за воено злосторство, додека руската страна тврди дека болницата била претворена во воен објект.
Во меѓувреме, сè поголем број жители ги напуштаат своите домови северозападно од Киев. Некои заминаа по денови поминати во подруми без струја и парно.
„Автобусот ќе се сврти. Луѓето ќе бидат изведени од таму. Порано го криевме автобусот овде, но сега тоа е лоша опција бидејќи има непријателски воздухопловни сили кои оперираат во оваа област. Ќе се вратат сега и ќе го паркираат автобусот таму. Ќе почнеме да собираме луѓе“, вели украински полицаец.
„Немаше да го напуштиме Ирпин, но не можеме да живееме во борбена зона. Покрај пукањето, една недела немавме струја. Пред два дена останавме без бензин“, рече евакуиран маж.
„Многу сум загрижена што морав да ја напуштам мојата куќа. Таму останавме колку што можевме. Не сакавме да заминеме. Потресно е да се остави сето тоа зад себе. Немаме струја, немаме гас, немаме парно. Готвевме храна на камперски оган. Цело време го поминавме во подрумот затоа што има постојани борби во областа каде што живееме“, вели евакуирана жена.
„Ситуацијата е тензична, но стабилна. Се е под контрола. Нашиот единствен проблем е што небото не е затворено за руската авијација. Не напаѓаат со ракети и авиони. Тоа е единствениот проблем“, вели украински полицаец.
Украинскиот претседател Зеленски оцени дека актуелниот конфликт може да се реши само преку директен дијалог со рускиот претседател Путин. Истакна дека е подготвен да преземе одредени чекори за крај на војната.
Марина Ристова
