Македонија

Министерот Бочварски на средба со претставници од Светска банка

10.03.2022 12:01

На средбата се разговараше за реализација на инфраструктурните проекти што се реализираат со финансиска поддршка од Светска банка...

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и државниот секретар Митко Трајчулески денеска остварија работна средба со делегација од Светска банка предводена од Масимилијано Паолучи, директор на канцеларијата на Светска банка за Република Северна Македонија.

На средбата се разговараше за реализација на инфраструктурните проекти што се реализираат со финансиска поддршка од Светска банка.

Министерот ги потенцираше проектите за „Зајакнување на транспортната трговија“ и за „Изградба и санација на локалните улици и патишта“, како еден од клучните за развој на општините и подобрување на локалната економија. Проектот е вреден 70 милиони евра.

“ Разговорите беа во фокус на реализација на капитални проекти финансирани од Банката. Имаме добар напредок во проектот за изградба и реконструкција на локалните улици и патишта и ова е еден многу значаен проект во Министерството со кој даваме силен инпут на општините. Зборувавме и за реализација на други капитални проекти и очекуваме Банката и во следниот период да биде силен поддржувач на нашата држава во изградба и модернизација на целокупната инфраструктура“, изјави министерот Бочварски по средбата.