Прилеп

Болницата набави мазут до крајот на грејната сезона

10.03.2022 12:17

По итната постапка, прилепската болница набави мазут до крајот на грејната сезона, откако годишниот добавувач три недели порано го откажа договорот и ја стави институцијата во незавидна состојба да ги дозагрева просториите со грејни тела. Ситуацијата со ковидот стагнира, фокусот е на акцијата за зголемување на интересот за вакцинација.

Прилепската болница доби 25 тони мазут, доволни до крајот на грејната сезона. Ова е итната постапка за набавка, откако годишниот добавувач последно испорача пред еден месец и се откажа три недели порано од склучениот договор. Со тоа ја стави институцијата во незавидна ситуација да мора штедливо да троши за загревање и да ги вклучи сите грејни тела.

Постапката за итна набавка се спроведе најкратко што можеше-за еден месец. Новиот добавувач рокот за испорака го искористи во последниот, трет ден.

На инфективното, од ковид се хоспитализирани 12 пациенти. Состојбата се смета за стабилна и стагнира. Акцентот е на вакцинацијата. Се спроведува акцијата со Министерството за здравство и со матичните лекари.

На сите одделенија во Болницата моментално се хоспитализирани 50-тина пациенти.

Елизабета Митреска