Регулаторна најавува нови цени на горивата вечерва
Комисијата објавува нови цени само ако поскапувањето или поевтинувањето на берзата е поголемо или еднакво од 2 денара..

Денеска повторно нова малопродажната цена на нафтените деривати, најави Регулаторната комисија за енергетика. Во понеделникот се донесени измени на правилникот.
Комисијата објавува нови цени само ако поскапувањето или поевтинувањето на берзата е поголемо или еднакво од 2 денара. Ова го правиме за да нема ценовни шокови велат од Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена се утврдува со просек од последните 5 дена на цените на светските берзи, цената на дизелот е далеку погоре отколку на бензините.
Маржите на трговците се намалени за 33 %. Тоа е што ние можевме како регулаторна да го направиме. Ќе дојдат мерките од Влада, барам разбирање од страна на трговците“, велат од РКЕ. Порачуваат сите да се однесуваат рационално. Почнуваат да се преземаат мерки на меѓународно ниво, посочуваат од комисијата.
