Босна и Херцеговина

Нема германска поддршка за оние кои ја дестабилизираат БиХ

10.03.2022 13:27

За време на својата турнеја германската министерка ќе ги посети и Косово, Србија, и Молдавија...

„Ги поддржуваме само оние кои се залагаат за јакнење на Босна и Херцеговина, но не и оние работат на дестабилизација на државата“, порача германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, на посетата на Сараево.

Таа нагласи дека Босна и Херцеговина е земја којашто е меѓу приоритетите на надворешнополитичката програма на владата на Берлин. За време на својата турнеја германската министерка ќе ги посети и Косово, Србија, и Молдавија.