„Розови тигри и златни гуштери и сè друго“ – излoжба во резиденцијата на ЕУ
Уметниците избрани од галеријата Акантус, инспирирани од Европскиот зелен договор, на автентичен начин ги изразија своите грижи поврзани со животната средина...

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија и првата дама Елизабета Ѓоргиевска во резиденцијата на ЕУ ја отворија изложбата со впечатлив наслов: „Розови тигри и златни гуштери и сè друго“.
Како дел од кампањата за Зелениот договор што Делегацијата на ЕУ ја започна во ноември минатата година, повикувајќи на силна политичка посветеност и итна акција на сите нивоа во справувањето со климатските промени, уметниците, избрани од галеријата Акантус, инспирирани од Европскиот зелен договор, на автентичен начин ги изразија своите грижи поврзани со животната средина.
Уметноста како општествено одговорна акција, има за цел да го унапреди општеството и да ги поттикне консументите да пронајдат сопствено значење во креативната експресија.
Велимир Жерновски, Маја Кировска, Ненад Тонкин, Озбек Ајваз, Вана Урошевиќ и Зоран Тодовиќ, изработија уникатни уметнички дела, чија главната тема е спречување на колапсот на биодиверзитетот, што е меѓу основните цели на Европскиот зелен договор.
Овие уникатни уметнички дела ќе бидат мотив за претстојните дебати во организација на Делегацијата на ЕУ на кои ќе се дискутира за најрелевантните прашања поврзани со Зелениот договор и можните решенија кај нас. Изложбата ќе биде отворена до 20-ти мај.
Билјана Жеревска
