Реакции за владините мерки
Антикризните пакет нема да ги подобрат условите за работа на превозниците поради континуираниот раст на цената на нафтените деривати- велат од „МАКАМТРАНС“. Бараат од владата да враќа врати дел од акцизата по примерот на европски земји. Работодавачите со став – од владините мерки најголем бенефит ќе имаат граѓаните.

Секојдневниот раст на цената на нафтените деривати покажува дека антикризните мерки нема да ги исполнат очекувањата на превозниците, сметаат од „МАКАМТРАНС“. Според претседателката Муратовска состојбата со руско-украинскиот конфликт и високите цени на бензините наскоро ќе ги принудат микро превозниците да затворат, а останатите да ги намалат капацитетите. Бараат сет мерки и за превозниците.
„Помалите држави како што е и нашата дека најмногу ќе настрадаме во оваа економска криза и Владата мора навистина да преземе мерки којшто ќе се таргетира исклучиво на превозните трговски друштва, а најдобра мерка е враќањето на дел од акцизата“, изјави Биљана Муратовска, претседател на Асоцијација на транспортери „МАКАМТРАНС“.
Од Организацијата на работодавачи сметаат дека владината помош е повеќе насочена кон граѓаните и заштитата на нивниот стандард, а помалку кон стопанството. Според Ангел Димитров добро е што се замрзнуваат трговските маржи отколку цените на основните продукти. Овој сет мерки вели ќе го ублажи ударот, но нема да го реши проблемот со ефектот од ценовниот шок.
„Јас се плашам дека и денес ќе има раст на цените на берзите на нафтата така да и од ноќеска ќе имаме пак зголемување на цените на дизелот и бензините, така што ова е само ублажување на состојбите, но не може целосно да го реши“, смета Ангел Димитров од Организацијата на работодавци.
Владата претстави пакет од 26 мерки за ублажување на ефектите од економската криза, тежок 400 милиони евра.
Викторија Милевска
