Американските мастерс 1000 без Ѓоковиќ

10.03.2022 11:58

На вториот по големина светски тениски терен по Њујоршкиот Артур Еш, за последен трофеен меч ќе се борат од топ 10-ката, најдобриот светски рекет во моментов, русинот Данил Медведев кој е и носител и кој досега нема одиграно финале тука...

Она што беше извесно, само се потврди. Новак Ѓоковиќ во моментов вториот тенисер на АТП скалата нема да биде дел од двата турнири од серијата мастерс 1000, Индијан Велс и Мајами,  откако не доби дозвола за влез во Америка. Причината за ваквиот исход, позната, одбивање да се вакцинира србинот, што пак неминовно ги носи ваквите консеквенции. Иако фигурираше како пријавен за калифорнискиот турнирот, односно ждрепката, сепак Ѓоковиќ не ја исполни главната ставка за место на „Индијан Велс тенис гарден“, по одлуката на Центарот за контрола и превенција на болести на САД. Ѓоковиќ на четирипати има славено на мастерс 1000-ката во Индијан Велс во 5-те одиграни финалиња. Не играњето на Новак значи повторно неможност да прокнижи бодови, а тоа пак отвора шанси на неговите ривали пак,  да ја направат значајна разликата во АТП поредокот.

На вториот по големина светски тениски терен по Њујоршкиот Артур Еш, за последен трофеен меч ќе се борат од топ 10-ката, најдобриот светски рекет во моментов, русинот Данил Медведев кој е и носител и кој досега нема одиграно финале тука, потоа шпанецот Рафаел Надал кој пак на трипати го има крената пехарот во Индијан Велс, но последен пат 2013-тата. Тука се и Зверев, Циципас, Рубљев.

Турнирот започнува денес, ќе трае до 20-ти март, а се игра на тврда подлога. Бранител на тронот е британецот Камерун Нори кој и оваа година е дел од турнирот со носителски број дванаесет, а инаку со ланскиот негов триумф се запиша како прв британец освојувач на Индијан Велс.