Македонија

Средба Ковачевски- Норман

10.03.2022 16:23

Се почитуваат брзите реакции и политиките на Северна Македонија на линија на политиките на НАТО...

Премиерот Ковачевски денеска оствари средба со Џајлз Норман, амбасадор на Канада за нашата држава. Заеднички е оценето дека пријателството помеѓу Северна Македонија и Канада е искрено и цврсто и во таа насока продолжува да се развива, со активна соработка меѓу двете држави и како полноправни членки на НАТО.

Амбасадорот истакнал дека се видливи заложбите на Владата за справување со последиците од светската криза, како што е вчера усвоениот пакет економски мерки. Нагласил  дека се почитуваат политиките и брзите реакции на земјава во однос на ситуацијата во Украина, а коишто се на линија на политиките на НАТО.

Премиерот Ковачевски итакнал дека за нашата држава Канада е вистински пријател и оценил дека постојат можности за унапредување на соработката во делот на инвестициите.