79 години од депортацијата на евреите во Треблинка
„Да учиме од историјата и да не дозволиме да се повтори холокаустот“ – порака на 79- годишнината од депортацијата на македонските Евреи во логорите на смртта. Штип им оддаде почит на своите сограѓани…

Се одбележа годишнината од депортацијата на 550 штипски Евреи во логорот на смртта, Треблинка во Полска. Секоја година Штип им оддава почит на своите сограѓани, една од најстарите еврејски заедници во државата.
Да учиме од историјата и да не дозволиме да се повтори холокаустот, порача амбасадорката на Обединетото Кралство. Американската амбасадорка повика на обединување.
Во март 1943 година заврши историјата на 131 еврејско семејство од Штип. Првата штипска аптека, првата месарница, меана, противпожарна станица биле отворени од Евреи.
Единствен белег за нивното постоење е Споменикот на холокаустот, на кој се испишани имињата на сите штипски Евреи погубени во Треблинка.
Славица Величковска
