Петровска – Мехај: Зајакната соработка меѓу Северна Македонија и Косово
Петровска и Мехај се заложија за амбициозна билатерална одбранбена соработка и нејзин развој во повеќе области меѓу кои и воената едукација, заедничките воени вежби, обуките како и споделувањето на искуства и добри практики од учеството во меѓународните мисии.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска преку видео- конференциска врска денеска разговараше со министерот за одбрана на Република Косово, Арменд Мехај, информираат од ресорот одрбрана.
Петровска и Мехај се заложија за амбициозна билатерална одбранбена соработка и нејзин развој во повеќе области меѓу кои и воената едукација, заедничките воени вежби, обуките како и споделувањето на искуства и добри практики од учеството во меѓународните мисии.
Петровска истакна дека Северна Македонија и Армијата се подготвени да го споделат своето искуство во пристапувањето кон Алијансата.
Двајцата министри ја истакнаа важноста на регионалната соработка при што министерот Мехај ја покани министерката во официјална посета на Косово во текот на оваа пролет, кога ќе бидат договорени детали за зајакнување на билатералната соработка меѓу двете земји што ќе придонесе кон развој на регионалната соработка.
Северна Македонија и Косово во рамки на билатералната одбранбена соработка минатата година потпишаа Меморандум за разбирање и соработка во справувањето со лажни вести и дезинформации.
