Измените на законите за ДДВ и за акцизи стигнаа во Собранието
Како што велат од собраниската прес-служба, се уште нема информација за свикување седница за овие закони. Моментно, претседателот на Собранието, Талат Џафери е на пленарна седница.

Измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и на Законот за акцизи пристигнаа во Собранието.
Како што велат од собраниската прес-служба, се уште нема информација за свикување седница за овие закони. Моментно, претседателот на Собранието, Талат Џафери е на пленарна седница.
Владата попладнево ги испрати измените и дополнувањата до Парламентот. Како што наведе во дописот, овие предлог-решенија треба да бидат донесени во итна собраниска постапка за да се обезбеди намалување на највисоките малопродажни цени на бензините и другите нафтени деривати.
