ЕКСКЛУЗИВНО: Дебата меѓу претседателските кандидати, утре после Дневник 2 на МРТ1

04.04.2014 15:27

Во духот на демократските вредности и согласно улогата на јавниот сервис во нивниот развој, Македонската телевизија организира дебата на четворицата кандидати за претседател на државата...

После испратената покана до сите претседателски кандидати и нивната официјална согласност, Македонската радиотелевизија соопштува дека утре после завршувањето на вториот Дневник на првиот програмски сервис ќе се емитува дебата помеѓу кандидатите за претседател на Република Македонија на претстојните претседателски избори.

Првиот круг на  претседателските избори ќе се одржи на 13-ти април. Претседателската трка за нов шеф на државата ја водат четворица кандидати- актуелниот претседател Ѓорге Иванов, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Зоран Поповски како кандидат на ГРОМ и Илјаз Халими, номиниран од ДПА.